Мајката на Рита Ора за инцидентот со српското знаме: „Извини, но ме изнервира“

РИТА ОРА, позната пејачка по потекло од Приштина, на неодамнешниот концерт се обви во српското знаме и на тој начин предизвика бурни реакции, а за инцидентот се огласи и нејзината мајка.

Да потсетиме, пејачката се соочи со бројни критики за носењето на српското знаме, а нејзината мајка Вера Ора откри дека не и било сеедно што направила нејзината ќерка.

Таа и се извини на својата ќерка 

„Жал ми е што викав, но ме изнервира“, напиша нејзината мајка во Story на Инстаграм каде објави фотографија од пејачката како покажува двоглав орел. 

Да потсетиме, пејачката по бројните критики се изговори дека не знаела дека тоа е српското знаме. 

„Синоќа додека настапував на фестивалот SZIN во Унгарија, добив знаме од млад фан. Поради светлината директно во моите очи, не можев јасно да видам која земја претставува знамето. Штом излегов надвор од сцената сфатив дека тоа е српско знаме, а не унгарско“, изјави таа, додавајќи дека е „горда косовска Албанка“.

Во меѓувреме се појави ново видео на кое се гледа моментот кога самата пејачка му го одзема знамето на маж од публиката и го однесе со себе на сцената.