Мајката на Станија во седмата деценија има тело како тинејџерка: Сега е јасно на кого личи старлетата
Мајката на старлетата Станија Добројевиќ неодамна зачекори во седмата деценија, а нејзиниот изглед остава без зборови.
Имено, Славица на 60-годишна возраст плени со својот изглед, а на социјалните мрежи често објавува фотографии од патувањата и често позира во бикини.
Многумина токму пред ваквите фотографии коментираат дека убавината и виткото тело Станија ги наследила од мајка си.
– Мајка ми… Ако на нејзини години бидам исто таква, супер – напиша неодамна Добројевиќ, а нејзините верни обожаватели коментираа дека Славица изгледа прекрасно и дека никогаш не би кажале дека се мајка и ќерка, туку би помислиле дека се пријателки или сестри.
Инаку, Славица беше голем поддржувач на нејзината ќерка за време на нејзиниот реалити натпревар. Таа секаде патува со својата наследничка, па често покажуваат во каков луксуз живеат.