На телото на момчето биле видливи повреди кои укажуваат дека најверојатно подолго време бил физички малтретиран
Талија Нелсон (43) од Флорида е обвинета за занемарување и убиство откако полицијата го пронашла телото на нејзиниот син (14), кој во моментот на смртта тежел само 15 килограми.
Во текот на истрагата, полицијата ги дознала ужасните детали за наводното запоставување и злоупотреба на момчето.
За време на разговорот во полиција, мајката имала неколку оправдувања за состојбата во која е пронајден нејзиниот син, меѓу кои и тоа дека боледува од ретка болест.
Признала дека не побарала лекарска помош и дека го запоставила својот син.
На 01.01.2024 година полицијата добила повик дека во куќата е пронајдено лице во несвест.
Кога стигнале во куќата на Талија, го нашле нејзиниот син без живот. На телото биле видливи знаци на неухранетост и чиреви.
Полицијата при претресот на куќата утврдила дека детето живеело со мајка си во нехумани услови. Немале мебел, лебарки беа по ѕидовите и сè мирисало на урина.
На телото на момчето се видливи повреди кои укажуваат дека најверојатно подолго време бил физички малтретиран.
Аутопсијата покажала дека занемарувањето, неухранетоста и повредите ја предизвикале смртта на момчето.