Мајка го убила својот двегодишен син па себе си! Двајцата имале прострелни рани

Бремената жена (33) и нејзиниот млад син (2) беа пронајдени застрелани во дом во северниот дел на Ајдахо, соопштија властите.

Полицајците дадоа извешатај околу 20:30 часот, а шерифот на округот Шошон, Холи Линдзи, го објави извештајот на Фејсбук во средата.

Како што изјавија, полицијата во куќата ги пронашла телата на Елизабет Лоли и нејзиниот двегодишен син, пренесува „NBC News“.

И двајцата имале прострелни рани, а прелиминарната истрага укажува дека Лоли пукала во момчето, а потоа и во себе.

Весникот објави дека шерифот рекол дека Лоли е бремена.

Линдзи рече дека во нејзината 19-годишна служба во округот Шошон, никогаш не ја видела канцеларијата на шерифот толку мрачна и уништена.

„Денес беше исклучително тежок ден за семејството, за нашата канцеларија и за оваа заедница. И можам само да замислам низ што поминува семејството“, се вели во објавата на Фејсбук.

Валас е мал град источно од Кор Д’Лејн. Самоубиството е една од водечките причини за смрт во САД и е во пораст во изминатата деценија, според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC). Според CDC, огненото оружје е најчестиот метод што се користи при самоубиства.