Мајка го уби шестгодишниот син: Момчето пронајдено мртво во автомобил – лекарите на секој начин се обидуваа да го оживеат

Момчето било пронајдено во автомобил во близина на крајбрежниот залив во областа Ратмојлан во петокот рано наутро, соопшти полицијата. 

Рут Персел Хили, од Ватерфорд, е обвинета за убиство на Метју Хили во селото Ратмојлан на 8 или 9 февруари, а денеска се појави на суд во Ирска обвинета за убиство на нејзиниот шестгодишен син.

На 37-годишната жена и’ беше одреден притвор во затворот Лимерик кога се појави во Окружниот суд во Вотерфорд во вторникот вечерта.

Полицијата го пронашла Метју во автомобил во близина на морскиот залив во раните утрински часови во петокот по полициска потера.

Тој бил префрлен во Универзитетската болница Ватерфорд каде и покрај напорите на лекарите да го стабилизираат, нешто по 02:00 часот била констатирана смрт.

Детективите продолжуваат да ја истражуваат смртта, изјави портпаролот на Гарда.

Оддадена е почит на Метју, кој играше за локалниот фудбалски тим Парк Ренџерс АФЦ во Фејтлег.

Портпаролот на клубот рече: „Со голема тага дознавме за трагичната смрт“.

– Метју беше член на нашиот тим до 7 години. За жал ќе им недостигаат соиграчите и тренерите. Нашите мисли се со неговите најблиски во ова незамисливо тешко време.

За него во саботата вечерта се одржа бдение во Соборниот храм Света Троица.

Неговиот погреб треба да се одржи денеска.