МАЈКА-МОНСТРУМ – Оваа жена е обвинета за убиство на сопственото бебе: “Ја оставила сама дома 10 дена и отишла на одмор!“
Кристел Канделарио (31 г.) од Охајо, САД, е обвинета за убиство на својата 16-месечна ќерка Џејлин, која ја оставила сама дома 10 дена и отишла на одмор. Кога се вратила од своето патување во Детроит и Порторико, го нашла девојчето мртво, пишува Daily Mail.
Таа пред судот под заклетва изјавила дека на 6. јуни го оставила малото девојче дома без надзор и отишла на патување, а кога се вратила дома на 16. јуни забележала дека девојчето е крајно дехидрирано и не реагира на ништо. Официјалните лица потврдиле дека креветчето на девојчето било покриено со валкани прекривки и облоги натопени со урина и измет.
Кога екипата на итната помош пристигнала на местото на настанот, го нашла детето мртво. Медицинскиот работник кој работел на истрагата утврдил дека нема знаци на траума, но дека девојчето било оставено околу 10 дена, по што починало.
Нејасно е зошто Кристел Канделарио не се договорила со некој да го чува девојчето пред да замине на пат, со оглед на тоа што соседите и претходно ја чувале. Тие биле шокирани кога слушнале што се случило на само една врата од нив.
„Џејлин беше неверојатна и симпатична. Не го заслужи тоа што и се случи, многу ми недостига“, изјавило 13-годишното момче кое го познавало бебето, додека друг сосед ја памети како секогаш среќно дете: „Беше среќно бебе, постојано насмеано и заинтересирано за околината. Таа беше навистина прекрасно бебе“.
Еден познаник изјавил за News5 дека ова не е прв пат Кристел Канделарио да ја остави ќерка си сама дома.
„Постојано и велевме да не ја остава сама, не само мене туку и мојата другарка која живее преку улица, но таа секогаш ја оставаше сама дома“, тврди познаникот.
Пред инцидентот, неодговорната мајка работела како замена во основното училиште „Citizen Academy Glenville“ во Кливленд. Таму била вработена од ноември минатата година, а веднаш штом била уапсена добила отказ. Социјалните служби немаат евиденција за какви било претходни прекршоци на мајката, која моментално се наоѓа во затворот во округот Кујахога.
Кауцијата за нејзиното ослободување е еден милион долари. Не се знае дали ангажирала адвокат или ја признала вината, а следното рочиште ќе се одржи утрото на 28. јуни.