Мајка од Оклахома под закана го држела ХИВ-позитивниот спортски тренер за млади, откако го затекнала како сексуално ја злоставува нејзината ќерка дома, пренесува Фокс њуз .
„ Ме силуваше “, им кажала 12-годишното девојче пред инспекторите овој месец, откако нејзината мајка го открила злоставувањето во нејзиниот дом во Оклахома Сити. Полицијата соопшти дека осомничениот Донован Скот Шепард (39) се степал во бар на 13 јануари, по што бил земен од неговата мајка, со која живеел во тоа време.
Младата девојка спиела во куќата кога Шепард и мајката се вратиле, а мајката набрзо си легнала. Мајката се разбудила и набрзо го затекнала Шепард како ја силува нејзината ќерка. Полицијата реагирала и ја нашла мајката како го држи Шепард под закана со пиштол.
Шеферд беше тренер на младински бејзбол тим наречен Оклахома Последици во изминатите неколку години. Тој, наводно, признал во полиција дека е ХИВ позитивен, а инспекторите во кривичната пријава пријавиле дека не користел заштита при наводниот напад .
Девојчето им кажа на инспекторите дека не е прв пат Шеферд да ја силувал, велејќи дека уште шест слични напади се случиле од нејзината 11-годишна возраст. Еден од нападите наводно се случил на нејзиниот 12-ти роденден.
Шеферд бил уапсен и се наоѓа во затворот во округот Кливленд.