– Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) на изборите во 2024 година, објавија локалните медиуми.
Се очекува Пенс да ја објави својата кандидатура за претседател на 7 јуни во Де Мојн, Ајова.
Пенс ќе се соочи со силна конкуренција во трката за републикански претседателски кандидат, која веќе ги вклучува неговиот поранешен шеф, поранешниот претседател Доналд Трамп, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, сенаторот Тим Скот, поранешниот гувернер на Арканзас, Аса Хачинсон, и претприемачот Вивек Рамасвами.
Трамп е фаворит во повеќето национални анкети, а по него е ДеСантис.
Кога станува збор за демократите, американскиот претседател Џо Бајден повторно се кандидира за претседател, а останатите кандидати се публицистката Маријан Вилијамсон и Роберт Кенеди Јуниор, внук на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.