Баерн заинтересиран за Влаховиќ

 – Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен е заинтересиран да го доведе во своите редови напаѓачот на Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ, јави денеска германските медиуми.

Баерн претходно беше заинтересиран за напаѓачот на Манчестер сити, Хулијан Алварез, но според наводите во германските медиуми, приоритетна желба на тренерот на Томас Тухел е да биде ангажиран Влаховиќ.

Меѓу потенцијалните засилувања во нападот на Баерн се споменува и фудбалерот Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани.

Баерн изминатиот викенд по 11 пат во низа ја освои шампионската титула, откако на крајот на сезоната имаше подобра гол – разлика од вицешампионот Борусија Дортмунд.