Мајката на убиениот навивач на АЕК доживеала срцев удар

Како што пренесува грчки „Њузбомб“, мајката на убиениот навивач на АЕК доживеала инфаркт кога ја слушнала трагичната вест.

– Срцето на мајката на Михалис не издржа кога ја слушна трагичната вест – јави споменатиот портал.

Според информациите, таа колабирала кога ја слушнала трагичната вест, а после тоа веднаш била пренесена во болница. Оваа вест ја соопшти нивната кума.

Според информациите, пред болницата се присутни голем број полицајци кои ја обезбедуваат локацијата, бидејќи во истата болница се сместени и повредени навивачи на Динамо.