Мајк Тајсон има 57 години: Погледнете како се удира денес

На врвот на моќта, Мајк Тајсон беше непоразениот шампион во тешка категорија, кој ја започна својата кариера со серија од 37 победи и титулата најмлад шампион на боксерска организација, рекорд што го држи и денес. Титулата на ВБЦ ја освои на 20 години и 145 дена.

Денеска Тајсон има 57 години, но дека се уште има разорна моќ во рацете докажува видео кое деновиве се споделува на социјалните мрежи. Клипот првпат го објави бразилскиот ММА тренер Рафаел Кордеира, со кого Тајсон тренираше кога се подготвуваше за егзибициска борба против Рој Џонс Јуниор во 2020 година. Борците потоа завршија осум рунди, а немаше победници.

Од минатата година се споменува дека Тајсон би можел повторно да влезе во рингот, сега со легендата на ММА Федор Емелијаненко. Не се знае дали таа борба ќе се случи и дали објавеното видео е дел од подготовките за истата.