Мајмуни избегаа од лабораторија, надлежните велат: „Заклучете ги домовите“

Полицијата ги повика жителите да ги заклучат своите домови и во никој случај да не им се приближуваат на белите мајмуни.

Полицискиот оддел во градот Јемасаи, Јужна Каролина, кој има 2.000 жители, на Фејсбук објави дека младите женски резус макаки избегале во средата.

Според нив, полицијата се вклучила во потрагата по избеганите мајмуни заедно со вработените во истражувачкиот центар Alpha Genesis.

Сепак, тие не објаснија како мајмуните избегале од лабораторијата.

Поставени се стапици за да ги фатат животните, а полицијата користи и термоснимачки за да ги пронајде. Грег Вестергард, извршен директор на Alpha Genesis, изјави за Си-Ен-Ен дека мајмуните избегале откако чуварот не ја заклучил вратата, нарекувајќи го „100 отсто човечка грешка“.

Од полицијата велат и дека Алфа Генезис тврди дека овие мајмуни никогаш не биле тестирани, и дека се премногу млади за да бидат носители на болеста.