Мбапе: Мојата иднина? Најважно за мене сега е да играм фудбал

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе го коментираше неговиот хет-трик вчеравечер на гостувањето кај Ремс во 12. коло од Лига 1 (3:0). 

– Сега сум помирен. Секогаш сум среќен кога постигнувам хет-трик. Има моменти кога играм полошо и постигнувам помалку, но среќен сум со овој натпревар. Околу мојата иднина, не сакам да зборувам за тоа. Сега не е време. Најважно за мене во моментов е да играм фудбал, изјави Мбапе за „Marca“. 

Во тековната сезона од францускиот шампионат, 24-годишниот Мбапе одигра 10 натпревари за ПСЖ, постигна 10 гола и една асистенција.  

Договорот на Мбапе со парижаните е со важност до летото следната година.