Се чини дека Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ. Мбапе неодамна најави заминување од парискиот клуб, а ПСЖ одговори со исфрлање на францускиот напаѓач од тимот.
Мбапе не отиде на тренинг и не беше во конкуренција за првото коло од француската лига против Лориен, но денеска беше вратен во тимот.„По многу конструктивни, позитивни разговори помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе пред натпреварот против Лориен, играчот утринава беше вратен во првиот тим“, објави францускиот шампион.
Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе најверојатно ќе потпише нов договор со ПСЖ во кој ќе има ослободителна клаузула која му овозможува да си замине следното лето. Мбапе во Париз пристигна пред пет години од Монако за 180 милиони евра. За парискиот клуб на 260 настапи постигна 212 гола со 98 асистенции.