МБАПЕ СЕ ОТВОРИ: „Не бев СРЕЌЕН во Париз! Ми се закануваа!“

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе денеска изјави дека не е среќен во својот поранешен клуб Пари Сен Жермен .

  • Не бев среќен во ПСЖ. Работите и луѓето ме направија несреќен – изјави Мбапе.

Тој додаде дека челниците на клубот минатото лето му се заканувале дека нема да игра доколку не го продолжи договорот.

-Тоа ми го кажаа, се обидоа да ме убедат да го разберам. Ме спасија (тренерот) Луис Енрике и (фудбалскиот советник) Луис Кампос, без нив никогаш повеќе немаше да стапнам на теренот – изјави Мбапе.


Мбапе вчера потпиша петгодишен договор со Реал Мадрид .

  • Ќе бидам играч на Реал Мадрид најмалку пет сезони. Тоа е големо задоволство и остварување на сонот. Одам во Мадрид возбуден и со многу понизност. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои директно или индиректно придонесоа за овој трансфер, како и на претседателот на Реал Флорентино Перез – изјави Мбапе.