Килијан Мбапе организирал проштална вечера во еден париски ресторан на која присуствуваа 250 гости, меѓу кои и претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Тој сакаше да се збогува со сите свои пријатели пред официјално да го напушти Пари Сен Жермен по завршувањето на неговиот двегодишен договор.
Кариерата најверојатно ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид каде пристигнува како слободен играч и ќе претставува големо засилување за кралевите.
Соиграчите и персоналот на ПСЖ, придружувани од нивните семејства и најблиски, како и лични пријатели на играчот, како и други фудбалери, присуствуваа на збогувањето на Мбапе од ПСЖ по седум сезони.
Неговиот последен меч за Пари Сен Жермен ќе го има на 25 мај во Лил во финалето на Купот на Франс против Лион, што ќе биде негов 264 меч за „светците“.