Мбапе ја шокираше нацијата – рече „не“ на Франција

Килијан Мбапе го напушти Пари Сен Жермен, а со тоа и Франција, бидејќи сигурно е дека ќе се пресели во Реал Мадрид. А потоа и зададе нов „удар“ на својата нација.

Еден од најдобрите играчи на планетата реши да ја одбие поканата на тренерот на олимпискиот тим на „триколорите“, Тиери Анри.

Иако беше најавено дека ќе игра на Олимписките игри во Париз, Мбапе сепак реши да се повлече од националниот тим и целосно да се посвети на Реал Мадрид.

Секако, претходно ќе играат за Французите на Европското првенство во Германија каде ќе бидат главни фаворити за освојување на титулата.

Но, сигурно дел од навивачите несомнено ќе бидат разочарани од одлуката Мбапе да не игра пред домашната публика на најголемиот спортски настан на планетата.

Да потсетиме, на олимпискиот фудбалски турнир настапуваат играчи до 23 години, со правило секој селектор да повика тројца играчи над таа возрасна граница.

Во репрезентацијата на Анри тоа треба да бидат Александре Лаказет, Антоан Гризман и Оливие Жиру.