Во сообраќајна контрола на полицијата, вчера на територијата на државата биле казнети 271 возач.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 150 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.
МВР укажува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.