МВР: Пронајдено детето кое беше пријавено дека се изгубило на плоштадот Скендер бег

Министерството за внатрешни работи соопшти дека детето кое денеска беше пријавено дека се изгубило на плоштадот „Скендер бег“ кај Старата скопска чаршија е пронајдено во стан кај негово другарче во истата зграда каде што живее.

-Денеска (24.12.2023) околу 16 часот е пронајден шестгодишен малолетник, кој неколку часа пред тоа беше пријавен од неговата мајка дека се изгубил на плоштадот Скендер бег во Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено кај негово другарче во стан во истата зграда каде и тоа живее, информираат од МВР.