Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 212 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 107 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од МВР, информираат дека изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила,…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.