МЕГА СЕНЗАЦИЈА! ИСПАДНА АЛКАРАЗ: Шокантен пораз на Шпанецот кој го чинеше 910 поени! Еве што значи тоа за Новак

Карлос Алкараз е елиминиран во осминафиналето на турнирот во Шангај! Подобар од него беше Григор Димитров кој победи со 5:7, 7:6, 6:4 !

Овој резултат е големо изненадување и веројатно ги решава сите дилеми околу битката за број еден на 31 декември.

Имено, наместо „планираните“ 1.500 поени, Карлос на два азиски турнири освои само 270 и со тоа значително ги зголеми шансите на Ѓоковиќ да биде број еден на крајот од годината. Поточно, во Шангај остана „низок“ за 910 поени, што ќе беше соодветно доколку го кренеше пехарот.

Карлос Алкараз

Разликата меѓу Новак и Карлос сега (од понеделник кога ќе биде објавена новата АТП листа) е големи 2.740 бодови, што на Шпанецот ќе му биде многу тешко да ги постигне.