Медведев: Во руската армија оваа година се вклучија околу 280.000 лица

– Потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека од почетокот на оваа година руската армија примила околу 280.000 нови припадници.

„Околу 280.000 лица се вклучија во составот на Руските вооружени сили со договор од 1 јануари 2023 година“, откри Медведев.

Тој истакна дека на далечниот исток на Русија допатувал за да разговара со тамошните лидери за таа важна кадровска тема за руската армија.

Медведев рече дека меѓу новите припадници на руската армија се и оние кои биле во резервниот состав, како и доброволци.