Медведев: Ова се условите за постигнување на целите на специјалната воена операција во Украина

Русија треба целосно да ги обезбеди своите интереси, вклучително и создавање „заштитен кордон“ кој ќе биде одбрана од различни претензии на руски територии, гранатирање, офанзивни операции и дури потоа може да се смета дека задачите на специјалната воена операција во Украина се исполнети, рече заменик претседателот на СБ на Русија, Дмитриј Медведев.

„Неопходно е целосно да ги обезбедиме нашите интереси. Што значи? Пред сè, неопходно е да се исполнат задачите на СВО, за кои разговараше рускиот претседател Владимир Путин. Второ, треба да создадеме неопходен заштитен кордон кој ќе штити од сите претензии на нашите територии: не само од гранатирање, туку и од активни офанзивни операции. Само во тој случај ќе може да се потврди дека задачите се исполнети“, нагласи Медведев.

Дополнително, функционерот во интервју за руските медиуми нагласи дека заземањето на Авдеевка е тешка задача, иако украинските сили веќе неколку години градеа упориште таму, но руската армија одлично се справи со тоа.

Медведев нагласи дека и освојувањето на Авдеевка било голем успех и дека сите кои учествувале во таа операција биле херои.

Тој додаде дека за тоа треба отворено да се разговара.

За потсетување, Авдејевка се наоѓа во ДНР, северно од Доњецк. Украинските вооружени сили го претворија градот во моќна утврдена област. Руското Министерство за одбрана на 17 февруари објави дека руската армија целосно ја презела контролата врз градот Авдеевка во ДНР. Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на руските војници за успехот и важната победа.