МЕДВЕДЕВ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА: Украина започна офанзива, сега Русија треба да започне своја и да го собори режимот во Киев

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска соопшти дека се чини дека Украина ја започнала својата долгонајавувана контраофанзива, а Москва треба да започне сопствена офанзива откако ќе ги одбие тие напади.

„Контраофанзивата на вооружените сили на Украина не е изненадување за Русија, бидејќи Киев треба да ги оправда парите и оружјето добиени од Запад. Разочарувањето на Западот може да го чини Зеленски не само претседателот, туку и неговиот живот; Украина и Западот сака да ја избрише Русија од лицето на земјата, па сега треба да се концентрираме и да им дадеме одговор.

По запирањето на непријателот на Русија, неопходно е да се започне офанзива за целосно соборување на режимот во Киев. напиша на „Телеграм“.