Кремљ внимателно ќе го следи состанокот на Бајден и Зеленски во Вашингтон

 – Кремљ соопшти дека внимателно ќе го следи состанокот денес меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот украински колега Владимир Зеленски во Вашингтон.

На прес-конференција во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите изјави дека исходот од средбата нема да ја промени ниту ситуацијата на линијата на фронтот во Украина, ниту напредокот на руската „специјална воена операција“ во земјата.

„Тука, се разбира, важно е за секој да разбере дека десетици милијарди долари испумпани во Украина не ѝ помогнаа да постигне никаков успех на бојното поле. Останатите десетици милијарди долари што Украина сака да се втурнат во нејзината економија, исто така ќе биде осудени на истото фијаско“, додаде Песков.

Песков рече и дека „неуспесите“ во Украина го „колебаат авторитетот“ на функционерите во земјата.

Цитирајќи „конкретни информации“, тој додаде дека Руската служба за надворешно разузнавање заклучила дека Западот се подготвува да го замени Зеленски како претседател на Украина, без да даде дополнителни информации за да го поткрепи тврдењето.