Српската армија доби нова специјална елитна единица „Орли“

Војската на Србија (ВС) наскоро ќе добие нова специјална елитна единица која ќе функционира под името „Орли“, објави порталот Балканска безбедносна мрежа.

Според порталот, единицата ќе функционира како дел од 72-та бригада за специјални операции од Панчево, како трет борбен баталјон.

Порталот додава, повикувајќи се на формациските измени објавени во Службен весник, дека „Орли“ ќе биде баталјон за оперативна поддршка за специјални операции, покрај постојниот баталјон „Соколи“, кој служи за антитерористички операции и „ Грифони“ за извидувачки и диверзантски задачи.