Јанукуловска за време на викендот нема да биде во затвор

Со измените во регулативата, затвореничките од затворот Идризова почнаа да го користат правото на отсуство за време на викендот.

Меѓу нив е и затвореничката Гордана Јанколовска, која по три години зад решетки ќе го помине викендот надвор од затворот.

Директорот на затворот Зоран Јовановски вели дека имало 5 барања за користење на овие привилегии и дека сите пет биле одобрени.

Инаку, овие привилегии доаѓаат откако Антидискриминациската комисија докажа дека затворениците се дискриминирани со Правилникот во затворот Идризова, додека Правилникот го промени Управата за спроведување санкции.