МАКРОН ЗА НЕРЕДИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Неверојатно е кого обвини за насилството на улиците

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика „сите родители да бидат одговорни“ во пресрет на немирите по полициското убиство на тинејџер во предградијата на Париз и рече дека социјалните мрежи играат „значајна улога“ во ширењето немири.

– Јасно е дека контекстот во кој живееме, гледаме дека е резултат на понекогаш организирани групи, насилни и опремени, кои ги осудуваме и кои ги апсиме и кои ќе одговараат, но гледаме и многу млади луѓе. Третина од приведените синоќа биле млади, понекогаш и многу млади. Одговорност на родителите е да се грижат за нив дома… не е должност на државата да биде замена за родителите – рече Макрон на вториот кризен состанок одржан во петокот во француското Министерство за внатрешни работи.

Емануел Макрон

Макрон укажа на „духот на одговорност“ на големите социјални мрежи, наведувајќи дека насилните собири се организираат преку Snapchat и TikTok и дека овие социјални мрежи доведоа до еден вид копирање на насилство кое влијае на најмладите луѓе да го изгубат чувството за реалност.

„Понекогаш ни се чини дека некои од нив повторно ги преживуваат видео игрите што ги опијанија на улиците“, рече Макрон.

Немирите, кои траат веќе четири ноќи по ред, започнаа во вторникот, откако француската полиција во Нантер, западното предградие на Париз, го застрела и уби Наел М. (17), откако тоа утро го запре автомобилот поради сообраќајни прекршоци.

Наел М.

Моментот кога полицаецот пука во 17-годишниот Наел е снимен на видео , а погребот на тинејџерот бил организиран денеска во Нантер .