Трагедија: Гром усмрти фудбалер (21) на натпревар, четворица се повредени (видео)

Многу тажна вест доаѓа попладнево од Бразил. Младиот фудбалер Каио Енрике де Лима Гонсалвеш (21) почина откако го удри гром на натпревар во Санто Антонио да Платина.

Беше дел од аматерскиот фудбалски клуб од Жапира во регионот Парана. Покрај него, од гром се повредени уште четворица фудбалери. Навивачите го снимија моментот кога се случи страшниот инцидент, пренесува Глобо.

Младиот Кајо играше за Униао Жапиренсе, а неговиот роден град упати сочувство до семејството на жртвата.

– Големиот љубител на фудбалот, Каио Енрике почна да се занимава со овој спорт на училиште во нашата општина, каде што го откри својот талент и низ кариерата на младоста успеа да се истакне на различни начини претставувајќи ја Жапира на најдобар начин – гласи пораката..

Сè се случи во неделата во 17:30 часот по локално време на стадионот „Хозе Елетерио да Силва“. Пред почетокот на натпреварот врнеше силен дожд, а натпреварот се играше во рамките на регионалниот аматерски фудбалски куп.

Според локалните медиуми, играчот веднаш бил пренесен во ургентниот центар. Тројца други фудбалери се задржани во болница со изгореници. Удар на гром остави огромна трага на фудбалскиот терен.