МЕДВЕДЕВ СЕ ЗАКАНИ ПО ПОВОД ИСПОРАКАТА НА Ф-16: Не си играјте со авионите во вашиот песок, деца! За Европа би можело да дојде ПОСЛЕДНИОТ ДЕН!

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, ја коментираше изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналене Бербок, која одлуката на Холандија и Данска за префрлање на борбени авиони Ф-16 во Украина ја нарече „добар ден“.

Рускиот политичар ги повика Европејците да не „играат со авиони“, бидејќи еден од овие „добри денови“ може да биде последниот ден за Европа.

„Ова е добар ден за Украина и, се разбира, добар ден за Европа“, рече министерката за надворешни работи со завршено средно образование, Аналена Бурбок, за одлуката да се доставуваат Ф-16 на браќата Бандер на германските нацисти. О, не си играјте со авионите во вашиот песок, деца. Еден од следните слични „добри денови“ може да биде последниот ден на Европа“, напиша Медведев на Телеграм.

Слуцки: Ф-16 горат добро како и „леопарди“

Претседателот на комитетот на руската Државна дума, Леонид Слуцки изјави дека борбените авиони Ф-16 што Данска има намера да ги испрати во Украина ќе го продолжат конфликтот и ќе доведат до нови жртви.

Министерството за надворешни работи на Данска претходно објави дека земјата се согласува да испрати борбени авиони Ф-16 во Украина кога ќе се создадат услови за тоа. Условите, меѓу другото, се успешно избрани, тестирани и обучени украински војници, како и потребните дозволи, инфраструктура и логистика. Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека Холандија исто така се согласила да испрати 42 од овие авиони во Киев, но премиерот Марк Руте ги демантираше овие информации.