МЕДВЕДЕВ СЕ ЗАКАНИ СО НУКЛЕАРНА АПОКАЛИПСА: Ризикот ќе се зголеми бидејќи Западот ќе испрати помош за Украина

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека ризикот од „нуклеарна апокалипса“ ќе се зголеми бидејќи Западот и испорачува сè повеќе деструктивно оружје на Украина.

„Колку повеќе оружје се испорачува, толку е поопасен светот“, рече Медведев.

Руската армија денеска соопшти дека ги победила милитантите кои со оклопни возила влегле во Белгородската област на границата со Русија и дека убила повеќе од 70 „украински националисти“, а останатите ги турнала назад во Украина, а потоа ги ликвидирала.

Медведев рече дека одговорноста за овој упад на територијата на Русија е на режимот во Киев, како и на спонзорите на Украина, односно Вашингтон и земјите од ЕУ, заедно со придружните земји како Велика Британија и други.

„Ова е нивна одговорност, директна и непосредна“, оцени Медведев.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во петокот одобри програми за обука на украинските пилоти на борбени авиони Ф-16.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата го увери Бајден дека авионите Ф-16 нема да се користат за напад на руска територија.