– Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне, напиша на англиски заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Твитер, цитираат руските медиуми.
Медведев потсети дека Советот Русија-НАТО е формиран во 2002 година и „сите знаат како завршил“.
-Овој пат ќе заврши поинаку. Советот ќе престане да постои, бидејќи една од земјите ќе исчезне, напиша тој.