Медиуми: Ракитиќ се сели во Саудиска Арабија

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ (35) ќе ги напушти редовите на шпанскиот прволигаш Севиља и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот клуб Ал Шабаб, пренесуваат хрватските медиуми.

Ракитиќ не се најде на списокот фудбалери за денешниот натпревар на Севиља против Осасуна во рамки на 22 коло во Ла Лига.

Според медиумите, Ракитиќ ќе ја напушти Севиља в понеделник или вторник, а ќе се збогува со клубот и навивачите на прес – конференција.

Зимскиот преоден рок се затвора в среда.

Ракитиќ настапува во шпанското првенство од 2011 година.

Со Севиља ја освои Лига Европа во 2014 и 2023, а со Барселона триумфираше во Лигата на шампиони во 2015 година.