Медицинска сестра ги покажа последиците од ботокс: Го инјектирала 20 години, а кога престанала се случила неочекувана промена (ВИДЕО)

Бренда Блеј, медицинска сестра од Калифорнија, објави видео на TikTok во кое објаснува што се случило со нејзиното лице кога престанала да користи ботокс. Таа го користела овој популарен естетски третман цели 20 години.

Видеото кое го објави започна со прашање – дали сте размислувале како изгледа лицето на личност која престанала да користи ботокс после 20 години?

„Престанав да го користам во октомври, но забележувате дека немам никакво движење на мускулите – затоа што не сум го користела толку долго. Во основа ги обновувам моите мускули сега“, рече Бренда, додавајќи дека и’ се враќа некој израз на лицето, но и дека со некористењето на ботоксот и’ се вратиле брчките.

Во текот на 20 години користење на ботокс, Бренда правеше паузи за да ги задржи мускулите на лицето во движење.

Познато е дека интензивната и пречеста употреба на ботокс доведува до атрофија на мускулите бидејќи тие не се активни во текот на лекувањето.