КОЛКУ ТРЕБА ДА СПИЕТЕ ЗА ДА НЕ СЕ ЗДЕБЕЛИТЕ? Експертот го откри точниот број на часови – останатото влијае на ПРИТИСОКОТ И ШЕЌЕРОТ

Како сонот влијае на дебелината и кои услови мора да се исполнат за да може сонот да биде квалитетен и да не ги нарушува прехранбените навики.

„Возрасните треба да спијат 7-8 часа – што е обично повеќе отколку што мислиме дека ни треба“, објасни неврологот Џанлука Росато од италијанскиот истражувачки клинички институт „Sacro Cuore“ („Свето срце“).

Ако ги погледнете анкетите, луѓето генерално велат дека седум часа се оптимални за телото да се регенерира и да ја акумулира енергијата што му е потребна за нормално функционирање. Сепак, неврологот смета дека тоа е недоволно.

„ Осум часа се оптимални. Сите спиеме помалку отколку што ни треба “, вели д-р Росато.

И покрај постепеното намалување на часовите кои ги поминуваме во кревет, експертот истакнува дека нема години во кои би било во ред некој да спие помалку од шест часа.

„ Шест часа не се доволни дури и во старост “, вели неврологот.

Ги вознемирува и најбаналните работи

Според бројни сомнолози (специјалисти за спиење), недостатокот на сон е опасен за „најбаналните работи“ како намалена концентрација, замор, промени во расположението, нервоза. Ризикот од сообраќајни незгоди се зголемува, човекот тешко апсорбира нови информации, учи нешто, а тоа е особено изразено кај адолесцентите. 

„Постојат болести кои се поврзани со хроничен недостаток на сон кој трае со години. Тие влијаат на метаболизмот, го зголемуваат ризикот од дијабетес и дебелина , како и висок крвен притисок и проблеми со срцето. Кога спиењето е лошо, го оштетува имунолошкиот систем“, изјави италијанскиот лекар.

Росато нагласи дека недостигот на сон или проблемите со сонот доведуваат до намалување на производството на хормони одговорни за чувството на ситост, што дополнително предизвикува прекумерно уживање во „брза храна“ со висока содржина на калории и јаглени хидрати. Последиците се зголемување на телесната тежина и проблеми со шеќерот во крвта.

Зборувајќи за хигиената на спиењето, специјалистот рече дека основното правило при уредувањето на спалната соба е да нема телевизор, односно кога легнувате да биде целосно темно.

„Спалната соба треба да биде „темна“ додека не се вклучи алармот. Правилата за добар сон се свеж воздух, темнина и тишина во просторијата. Температурата не треба да надминува 21 степен Целзиусов. Сега, во овој период од годината, кога обично се загреваме, идеалната температура би била 19, 20 степени“, вели Росато.