Меки и вкусни: Рецепт за палачинки со илјада дупчиња направени без јајца и млеко

Палачинките со илјада дупчиња се многу вкусно јадење кое обично се служи со малку мед во Северна Африка…

Багрир е името на мароканските палачинки направени од ситно мелен гриз, кој се карактеризира со мека и малку сунѓереста текстура. Поради додавање на квасец во смесата, овие палачинки се полни со дупки, што им дава уникатен изглед и вкус. Згора на тоа, некои ги нарекуваат палачинки со илјада дупки.

Палачинките од багрир можете да ги подготвите во блендер за само неколку минути , но доколку сакате да ја добиете вистинската текстура, важно е смесата да ја оставите на собна температура најмалку половина час.

Традиционалниот багрир се пече само од едната страна , но во некои делови на Мароко, палачинката се врти на другата страна само за секунда за да се извлече вишокот на влага. Тоа е многу убаво јадење што обично се служи со малку мед на северот на Африка.

Состојки за палачинки багрир :

  • 750 мл топла вода
  • 250 гр ситно мелен гриз
  • 100 гр брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажица сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол


Подготовка на багрир палачинки :

  1. Во сад измешајте ги сувите состојки: ситно мелениот гриз, брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот.
  2. Истурете топла вода во блендерот и додадете го квасецот. Блендирајте полека додека постепено ги додавате сувите состојки додека не добиете еднолична смеса. Треба да добиете нешто слично на класично тесто за палачинки.
  3. Покријте ја смесата со најлонска фолија и оставете ја да отстои најмалку 10 минути или уште малку, додека горниот дел од смесата не стане пенеста.
  4. Префрлете една лажичка (капа) од смесата на средина на загреана тава со нелепливо дно. Не вртете ја смесата околу тавата како што правите кога печете класични палачинки, туку оставете ја да добие свој облик.
  5. Печете ги палачинките околу две минути или додека површината не стане сунѓереста и сува. Не вртете ја палачинката.
  6. Префрлете ја палачинката во чинија и повторете ја постапката додека не ја потрошите целата смеса.
  7. Послужете со малку мед. Добар апетит!