Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните: Уште една ѕвезда од „Сам дома“ која ќе присуствува на церемонијата

Меколи Калкин ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд и ќе има мини-обединување со друга ѕвезда од „Сам дома“, Кетрин О’Хара, која ја играше неговата мајка во комедијата.

Актерот ќе биде одликуван на специјална церемонија во петок, 1 декември.

Продуцентката на Холивудската патека на славните, Ана Мартинез, рече дека Меколи „со децении е главен елемент на поп културата“, се вели во официјалното соопштение за печатот.

Калкин ја играше главната улога на Кевин Мекалистер во франшизата „Сам дома“, а за време на неговата успешна кариера глумеше и во други проекти, како „Мојата девојка“ (1991) и „Американска хорор приказна: Двојниот филм“ (2021) .

„Тој има широко CV, но неговиот филм „Сам дома“ е еден од најомилените празнични филмови познат ширум светот“, рече Ана Мартинез, додавајќи дека актерката Кетрин О’Хара, која ја играше мајката на Кевин Мекалистер, ќе зборува на церемонијата, пишува Daily Mail .