Германија испраќа војска на Косово: По состанокот на НАТО во Брисел падна одлука!

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок денеска во Брисел изјави дека Берлин придонесува за зајакнување на заедничката безбедност во регионот на Западен Балкан со испраќање дополнителни 150 војници во КФОР.

– НАТО и ЕУ тесно соработуваат на Балканот. Тие придонесуваат за безбедноста преку мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина и КФОР во Косово (и Метохија). Германија ја зајакнува заедничката безбедност ставајќи 150 војници на располагање на КФОР – изјави Бербок во Брисел по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.