Меланија Трамп: „Срцето ми е со издржливите луѓе во убавата Словенија“ 

Меланија, сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, напиша дека нејзиното срце е со „издржливиот народ“ во Словенија, која беше погодена од најлошите поплави во историјата во изминатите неколку дена.

Таа на социјалната мрежа Икс (Твитер) напиша дека природата уште еднаш ја покажала својата надмоќ.

„Мајката природа повторно и повторно нè потсетува на нејзината надмоќ. Моето срце е со жилавите луѓе кои беа изложени на пожари на Хаваи и поплави во прекрасната Словенија“, напишала Меланија, која по потекло е од Словенија.