Мермерните пештери се чудо на природата: Тешко е да се стигне до нив, но глетката е неверојатна

Неверојатно убавите пештери изгледаат како сликарско ремек-дело, а уште позачудувачки е податокот дека се создадени сосема природно, со формации кои траеле повеќе од 6000 години. Направени се од чист мермер, а боите на карпите варираат од тиркизна и црна до зелена и жолта…

Иако веруваме дека на шареноликото Чиле со својата моќна природа и богата култура нема потреба од дополнителна туристичка реклама, сцените од Патагонија не можеме да не ги споделиме со оние кои (се уште) ги немаат видено. А оние кои имаат сигурно ќе се сеќаваат на нив со задоволство.

Мермерните пештери во Чиле (Capillas de Marmol) се природно чудо, скриено во прилично изолиран дел од земјата. Тие се наоѓаат во регионот Патагонија, најјужниот дел на Јужна Америка и се дел од езерото Генерал Карера. Тие се наоѓаат далеку од патот, па пристапот е возможен само со брод.

Не грижете се, додека да стигнете до вашата дестинација, вртоглавите патишта на Патагонија веќе психички ќе ве подготват за лоша логистика (особено ако одите со сопствен автомобил).

Но, штом ќе стигнете таму, ќе разберете зошто погледот вреди. Дури и посетителите кои беа зафатени од дождот потврдија дека искуството е сепак прекрасно.

Неверојатно убавите пештери изгледаат како сликарско ремек-дело, а уште позачудувачки е податокот дека се создадени сосема природно, со формации кои траеле повеќе од 6000 години. Тие се формирани од чист мермер, а боите на карпите варираат од тиркизна и црна до зелена и жолта.