Чешка ги затвори границите за руски спортисти

 Владата во Прага објави синоќа дека им забранува на сите спортисти кои ја претставуваат Русија да настапуваат на натпреварувања на територијата на Чешка.

Забраната, како што е соопштено, се однесува на „учество во поединечна и екипна конкуренција на спортисти и екипи кои ја претставуваат Руската Федерација на спортските натпреварувања и играи организирани на чешко тло“.

Во исто време, според одлуката која е донесена на барање на чешките спортски федерации, спортистите и екипите кои ја претставуваат Чешка не смеат да учествуваат на натпреварувања што се одржуваат во Русија.

Забраната се однесува на сите спортови и спортисти кои се натпреваруваат под руско и чешко знаме.

Чешката Влада не прецизираше дали оваа одлука се однесува и на спортисти од Белорусија.