МЕСИ ГО ПОБЕДИ РОНАЛДО! Додека Португалецот се мачи во Саудиска Арабија, Лео прави НЕВИДЕНИ ЧУДА во дресот на ПСЖ! Повторно го воодушеви светот!

Пари Сен Жермен по 11-ти пат во историјата стана шампион на Франција, откако одигра нерешено на гости кај Стразбур 1:1.

Во центарот на вниманието беше маестралниот Лионел Меси, кој уште еднаш собори рекорди и со своите потези го воодушеви светот.

Лео собори два рекорда против Стразбур и испиша нови страници од фудбалската историја. Тој го израмни рекордот на Дани Алвеш и стана играч со најмногу трофеи на планетата со 43 освоени трофеи. Но, тоа не е се… Тој успеа да го собори рекордот на неговиот голем ривал Кристијано Роналдо. Имено, во ремито на неговиот тим против Стразбур, Аргентинецот го постигна својот 496. гол во најдобрите пет лиги и со тоа го престигна Кристијано Роналдо, кој застана на 495.

Додека Меси крева трофеи и руши рекорди, Роналдо сериозно се мачи во Саудиска Арабија, која по квалитет е далеку под нивото на европските лиги. Ал Наср, клубот во кој игра Кристијано Роналдо, оваа сезона не успеа да ја освои титулата.

Кристијано Роналдо го предводеше својот тим кој одигра само 1:1 на гостувањето кај Ал Етифак, што значеше дека сезонава ќе остане без титула