Меси или Роналдо: Кој е подобар изведувач на пенали?

Лионел Меси и Кристијано Роналдо ги одбележаа последните 15 години од светскиот фудбал.

Беше тоа неверојатно ривалство, а двајцата ги соборија сите можни рекорди. Сега специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркт“ направи интересна споредба меѓу Меси и Роналдо.

Нивните ефекти од белата точка беа споредени. Во текот на кариерата Меси постигна 821 гол, од кои 107 од пенали. Можеше да има повеќе, но Аргентинецот промаши 31 пенал.

Од друга страна, Роналдо досега постигна 861 гол, а 151 беа од пенал. Промаши 29 пенали, па има нешто подобар учинок од Меси.