Бугарија и Германија најмалку среќни земји во Европа: Еве кои се најсреќни

Европската статистичка агенција (Евростат) ги објави податоците од годишното истражување за „показатели за квалитетот на животот“. 

Според ова истражување, Австрија е на прво место, а Германија и Бугарија се најмалку среќни земји од ЕУ. 

Австрија постигна вкупен рејтинг од 7,9 од 10, а истражувањето во Германија покажа рејтинг од 6,5, што е помалку од лани (7,1), пренесува Independent. 

Евростат објави дека граѓаните на ЕУ оценуваат дека генерално се задоволни од својот живот. 

Второто место го зазедоа Полска, Финска и Романија со 7,7, додека Италија, Шпанија и Франција се најмногу околу просекот (7,1). 

Бугарија е единствената земја со резултат под 6. 

– Интересно е да се види дека некои земји поврзани со ниски приходи во блиското минато, како Романија и Полска, се меѓу земјите каде задоволството од животот е највисоко – објави Евростат.