КОЛИНДА СЕ ВРАБОТИ! Поранешната претседателка на Хрватска ја изненади ЈАВНОСТА со новата РАБОТА

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ има нова работа!

Филозофскиот факултет во Сплит веќе подолго време подготвува нова самофинансирачка студиска програма на англиски јазик наречена „Демократија и издржливост во современото општество“ во соработка со колеџ од Израел. Факултетот очекува покрај домашните да привлече и странски студенти.

Од есен ќе обучуваат идни експерти за дипломатија и политика кои по дипломирањето ќе се стекнат со звање магистер по јавна политика и дипломатија.Ќе предаваат бројни домашни и странски експерти, а најпозната меѓу нив е поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Така, откако беше амбасадор во САД, помошник генерален секретар во НАТО, министерката за надворешни работи и европски интеграции и претседателка на Хрватска , Колинда Грабар-Китаровиќ доаѓа во Сплит да го предава курсот „Современа дипломатија и односи со јавноста“.

Студиите ќе траат две години или четири семестри, а школарината ќе чини вкупно 12.000 евра.

На Филозофскиот факултет студентите можат да очекуваат вработување во институциите на државната и локалната администрација, меѓународните односи, дипломатијата, културата, туризмот, менаџментот и лидерството, администрацијата, трговијата, новинарството и издаваштвото, односите со јавноста…

Да потсетиме, поранешната хрватска претседателка и три години по завршувањето на мандатот е заштитено лице , а двајца полицајци 24 часа се со Грабар-Китаровиќ.