МЕСИ НЕМА ДА ИГРА ДО ФЕВРУАРИ: Останува да видиме дали сепак ќе биде член на Интер

Интер нема шанси да влезе во плеј-офот.

Аргентинскиот фудбалер Лео Меси сигурно нема да игра до февруари за Интер. Со пораз од 1:0 против Синсинати, тимот од Мајами дефинитивно ја загуби шансата за пласман во плеј-офот на МЛС. Тоа беше шести од последните седум натпревари на кои Аргентинецот не настапи поради повреда на мускулот и го чинеше пат во плеј-офот.

Сега Мајами треба да го заврши лигашкиот дел од шампионатот кој трае до 21 октомври, но сигурно Лионел нема да излезе на терен во преостанатите два натпревари и ризикува да ја влоши повредата кога и онака нема резултатско значење.

Бројките кажуваат колку Меси значи за Интер. Откако Лео дебитираше за клубот од Флорида, тие загубија само еден од 13-те натпревари што ги одигра, но победија само на еден од шесте натпревари што Аргентинецот ги пропушти поради повреда на мускулот.

Сега прашање е дали воопшто ќе игра веќе за Интер, бидејќи се погласни се приказните за неговото враќање во Барселона. Останува да видиме дали ова се само гласини или има одредена вистина во тоа.