Меси растура и во Америка: Аргентинецот дебитираше во МЛС, влезе од клупата и продолжи да доминира (ВИДЕО)

Откако доминираше во Лига Купот и му го донесе на Интер Мајами првиот трофеј во историјата, Лионел Меси дебитираше и во МЛС.

Тој продолжи таму каде што застана и уште еднаш значително влијаеше на победата на својот тим.

Меси во првото коло од шампионатот против Њујорк беше во игра нешто повеќе од 30 минути и тоа беше доволно за да се најде меѓу најдобрите.

Во 88. минута учествуваше во одлична акција.

Тој ја додаде топката на страна кон Кремаши, а потоа го продолжи движењето, го чекаше повратниот пас и само ја смести топката во голот.

Меси летово пристигна во Интер откако му истече договорот со Париз Сент Жермен.

Од неговото доаѓање, Интер ги доби сите девет натпревари (седум во Лига купот, по еден во МЛС и Отворениот куп на САД), а само на еден натпревар не беше стрелец – на тој забележа две асистенции.

На тие девет натпревари тој постигна 11 гола.