Ова е сопругот на ,,Практична жена!” Имаше многу бурно минато, опасен заводник – сите го знаете (фото)

Водителката Наташа Павловиќ, која сите ја знаат од емисијата „Практична жена“, со години е во брак со продуцентот Предраг Павловиќ.

Често истакнувала колку е среќна во бракот со Предраг, и дека со него нашла заеднички јазик, а тој и’ е голема потпора и поддршка во животот.

Меѓутоа, еднаш призна дека Павловиќ имал бурен љубовен живот пред неа.

– Кога еден млад човек ќе се заљуби, веднаш сака свадба и деца, бидејќи мисли дека тоа ќе трае вечно. Сепак, важно е и двајцата да поминат низ многу премрежја за подоцна бракот да биде похармоничен и да не „лудуваат“ во педесетите – истакна тогаш таа, додавајќи дека, во моментот кога започнувала емотивна врска со нејзиниот сегашен сопруг, сакала да знае сè што преживеал тој пред неа.

-Го прегледав детално, па кога сфатив дека има „милион“ сопруги, дека излегувал, патувал и направил сè што треба да направи еден млад човек, тогаш реков – одлично. Не дека не ми пречеше што имаше толку многу жени во неговиот живот, но ми беше драго, бидејќи знаев дека ќе може повеќе да ме цени. Мислев дека научи што сака, а што не сака, исто како мене – додаде Наташа, завршувајќи ја приказната со зборовите:

– Му ја кажав целата моја историја, освен што моето минато не беше толку бурно како неговото. Но, имав многу можности да заклучам што сакам врз основа на моето искуство и на моите пријатели. На триесет сте зрел маж, но претходно сигурно не сте. Не велам дека не можете да најдете партнер за цел живот, но тоа е чиста среќа. Секој ден му благодарам на Бога што го запознав Предраг и што сум среќна со него – изјави тогаш водителката.