Меси се врати на теренот и постигна чудесен гол по само две минути игра (видео)

Фудбалерите на Интер Мајами ја совладаа Филаделфија Унион со 2-1 во дербито за првото место во Источната конференција на МЛС со уште еден чудесен гол на Лионел Меси.

Интер поведе во 23. минута со голот на Роберт Тејлор, а моментот кој нетрпеливо го чекаа навивачите на тимот од Мајами се случи во 55. минута кога Тејлор излезе од теренот и беше заменет од Лионел Меси.

Меси го пропушти тренинг кампот на репрезентацијата на Аргентина поради повреда на адукторот, а неговиот настап против Филаделфија беше под сериозен сомнеж.

Сепак, тој се опорави доволно за да игра околу половина час, а тоа беше доволно за да блесне. Поточно, тој ја покажа својата магија само две минути по влегувањето во игра.

По еден контранапад, Луис Суарез го ,,вработи” Меси, кој остана во ситуација еден на еден со Јан Главинович.

Меси направи дриблинг кој го има направено многу пати во текот на кариерата, Главинович не падна како Џером Боатенг во 2015 година, но не можеше да го спречи Аргентинецот да постигне гол со прецизен удар за 2-0.

Сè што направи Филаделфија на натпреварот беше утешен гол во 80. минута од Даниел Газдаг.