Аргентинецот Лионел Меси е избран за спортист на 2023 година во изборот на престижниот магазин Тајм.
Иако многумина очекуваа тоа да биде Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот за чудо ја загуби битката со играчот на Интер Мајами.
Меси успеа да го оствари својот сон и минатиот декември со Аргентина стигна до титулата светски првак, а потоа по заминувањето од Мајами заигра за Интер.
Аргентинецот неодамна по осми пат ја доби наградата „Златна топка“.
Иако не направи ништо значајно на клупски план, Меси поради големата популарност во САД скокна пред Ѓоковиќ, кој по сите параметри имаше далеку поимпресивна година.
Ѓоковиќ осма година по ред заврши како број еден во светот, освои три Грен слем титули и последното АТП финале во Торино.
Инаку, Меси стана првиот фудбалер кој ја освоил наградата Тајм по 2019 година, кога женската фудбалска репрезентација на САД ја доби наградата.
Претходните добитници на наградата се Леброн Џејмс, безбол ѕвездата Арон Џаџ и гимнастичарката Симон Билс.
Lionel Messi is TIME’s 2023 Athlete of the Year https://t.co/qPR75Hgt6f pic.twitter.com/EXqxl08lZN
— TIME (@TIME) December 5, 2023